мај 2, 2013

Младите во борба против трговија со луѓе

Црвениот крст на Република Македонија  во рамките на Проектот: „Младите во борба против трговија со луѓе“ поддржан од страна на  Владата на Република Македонија, на 13 јуни 2013 година одржа кородинативен сосотанок за евалуација на проектните активности со претставници на обучените тимови на  трите општински организации на Црвен крст Струмица, Струга и Дебар.

 

Целта на работилницата беше да се утврдат постигнатите резултати, ефектите од имплементираните активности, како и да се дадат  конкретни насоки за идно дејствување на локално ниво.

 

На работилницата беше искажано задоволството од досегашната реализација на проектните активности насочени кон зацврстување на капацитетите на националното друштво и подигање на свеста на младата популација за заштита од трговијата со луѓе. Овие превентивни активности се значаен сегмент од развојните планови на Црвениот крст на РМ. Со оглед на динамиката  која беше поставена со проектот, подготвеноста  на волонтерите и нивните предзнаења придонесоа активно да се вклучат и  успешно да ги реализираат активностите на терен.

 

На работилницата беа презентирани теренските активности реализирани согласно плановите за акција во периодот март – мај 2013 година. Со проектните активности беа одржани едукативни сесии со кои беа опфатени вкупно  1060 ученици од основни и средни училишта, како и волонтери на клубови на млади од тирте општински организации на Црвен крст.

 

Направената евалуција на имплементираните активности, претставува основа за надградба и развој на овие програмски активности, кои Црвениот крст континуирано треба  да ги спорведува и во иднина.

< врати се назад