Нова услуга на Црвениот крст – превоз на лица со посебно опремени наменски возила
Црвениот крст на Република Северна Македонија преку Црвениот крст на град Скопје од 15 мај 2022 година ќе започне со нудење на услугата превоз на лица со посебно опремени наменски возила. Наменските возила можат да се користат за превоз на лица, кои не се во можност, самостојно да обезбедат превоз за користење на здравствена, социјална, или друга административна услуга, заради:
– старост;
– болест;
– неможност или потешкотии, при самостојно движење;
– имаат потреба од придружник (негувател/личен асистент), врз основа на наод на стручно лице за потребата од користење на услуги во домот, поради здравствената состојба во која се наоѓаат, а се работи за неживотно загрозувачки ситуации.
Лицето кое има потреба од транспорт, започнувајќи од 15 Мај 2022 ќе може да се јави на телефонскиот број 15330 во Контакт центарот или на skopje.itnokopce@redcross.org.mk , секој работен ден во текот на 24 часа, преку кој однапред би го закажал својот термин за превоз до одредена институција, по принципот на временски редослед на закажување.
Корисникот при закажување на термин за користење на наменско возило потребно е да даде целосни и вистинити податоци и тоа:
– лични податоци (име, презиме, телефонски број за контакт, и сл.);
– потребата за користење на придружба за време на превозот со наменско возило;
– краток опис на здравствената состојба и/или состојбата во која се наоѓа и причината заради која има потреба од превоз со наменско возило. Доколку корисникот е подвижен, превозот ќе се реализира со мало наменско возило, а доколку корисникот е неподвижен, превозот се врши со специјално наменско возило;
– адресата на живеење, односно адресата од која е потребно да се реализира превозот, како и назив, како и адреса доколку ја поседува оваа информација на институцијата, до која бара да биде превезен, датум и час на превозот, а во случај на потреба и временски период за враќање;
– податоци за лице и телефонски број на кој ова лице ќе биде контактирано во случај на итна потреба;
– други релевантни податоци, за кои ќе се процени во конкретната ситуација, дека е потребно да бидат обезбедени, за целите на користење на оваа услуга.
Услугата ќе се спроведува согласно начинот утврден во Стандардните Оперативни процедури за користење на наменски возила за превоз на лица при Црвениот крст на Република Северна Македонија. Цените на транспорт за стари лица и лица со попреченост се субвенционирани и се согласно утврден Тарифник и зависат од зоната во која е потребен превоз, видот на возилото и потребата од дополнително лице за придружба при транспортот.
До 15 мај, превозот за овие лица е бесплатен, по принципот „прв дојден,прв услужен“. За закажување на бесплатен транспорт до 15 мај , лицата може да се закажат на skopje.itnokopce@redcross.org.mk и на контакт број 071 232 263 во работни денови од 08-16 часот.
Во прилог може да ги погледнете: