ноември 19, 2024

Обука за обучувачи за процена на ранливост и капацитети

Црвениот крст на Република Северна Македонија со поддршка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина – Будимпешта,  во период од 12-16.11.2024 во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга организираше тренинг за обучувачи за проценка на ранливост и капацитет.

На обуката учествуваа претставници од Црвениот крст на Република Северна Македонија, Црвен крст на Германија, Црвен крст на Бугарија, Црвен крст на Ерменија,  Црвен крст на Хрватска, Црвен крст на Грузија и Црвен крст на Србија, како и претставници на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Обуката беше насочена на развој на капацитети на обучувачи за процена на ранливост и капацитети на заедниците, со цел подобрување на подготовката за справување со катастрофи. Во рамките на обуката, учесниците се обучија за употреба на алатки за процена кои овозможуваат согледување на изложеноста на луѓето на ризици и нивните капацитети за справување и опоравување од катастрофи.

Како дел од практичната компонента на обуката, учесниците спроведоа теренска процена во Општина Охрид, каде беа поделени во четири групи. Тие остварија работни средби со различни локални институции: претставници на Општина Охрид и одговорни лица за справување со кризи, јавни претпријатија, како Водовод и Нискоградба, Центар за управување со кризи, Центар за јавно здравје, Центар за социјална работа, Сектор за туризам и локален економски развој, претставници на Општинската организација на Црвен крст Охрид.

< врати се назад