октомври 22, 2024

Обука за Поддршка во готовина и ваучери, 14-17 октомври, Сутоморе

Во периодот 14-17 октомври, 2024 година во „Домот на солидарноста“ во Сутоморе, Црна Гора, се одржа интернационална обука за Поддршка во готовина и ваучери – I ниво. Обуката се одржа со поддршка на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, Делегацијата на кластер канцеларијата на МФЦК за Централна и Југоисточна Европа додека ко-домаќин беше Црвениот крст на Црна Гора.

На обуката присуствуваа 20 учесници. Покрај двајцата претставници од Црвениот крст на РСМ, свое присуство имаа и  учесници од Националните друштва на Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грузија, Украина, Велика Британија, Германија, Шведска, Албанија и Бугарија. Фасилитатори на обуката беа искусни делегати од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина како и Кластер-канцеларијата на МФЦК за Централна и Југоисточна Европа

Целта на оваа обука е да им обезбеди на вработените во Движењето соодветно знаење и капацитет за да ја разберат нивната улога во спроведувањето на Поддршка во готовина и ваучери (Cash and Voucher Assistance) и да ги стекнат потребните вештини и знаења за да го направат тоа за зголемена програмска ефективност, ефикасност и квалитет. Обуката меѓу другото ги опфати модалитетите и механизмите за испорака на готовина како и зајакнување на меѓусекторското разбирање за сите функции вклучени во „Поддршка во готовина и ваучери“ и споделување најдобри практики меѓу тимовите.

Свое обраќање на обуката имаше и Генералниот секретар на Црвениот крст на Црна Гора, г-ѓа Јелена Дубак,  која ја искористи можноста да ги поздрави учесниците и фасилитаторите, да им посака успешна работа со надеж за понатамошна заедничка соработка, размена на искуства и зајакнување на меѓусебната соработка за исполнување на заедничката хуманитарна мисија.

< врати се назад