Обука за Прва психолошка помош преку телефонски линии за ментално здравје и психо-социјална поддршка
Во периодот од 27 до 28 февруари 2024 година, учесник од Црвениот крст на Република Северна Македонија беше дел од интерактивната обука во Белград, со тема Психолошка прва помош преку телефонски линии за ментално здравје и психо-социјална поддршка
Обуката беше организирана како дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.
Дел од тренингот беа и учесници од Црвен крст на Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, и Србија.
Обуката се базираше на прирачникот на IFRC PS Supportive Voices. Водич за воспоставување и функционирање на линии за помош за ментално здравје и психо-социјална поддршка и сродни материјали според наставната програма за обука.