Одбележани 79-годишнината на Црвен крст и Денот на крводарителството
Oваа година Црвен крст на Република Северна Македонија прославува 79 годишен од основањето на Организацијата и 29 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Со свечен настан денеска во хотел Хилтон – Скопје беше одбележувањето на 79-годишнината на Црвен крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството.
На настанот присутни беа претседателот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, проф. д-р Ромел Велев, Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити, министерот за здравство Др.Илир Демири,директорот на ИТМ, г-дин Армен Григоријан постојан претставник на УНДП, крводарители, волонтери и други гости.
Свое обраќање имаше претседателот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, проф. д-р Ромел Велев и министерот за здравство Др.Илир Демири.
На самиот настан се потпиша меморандум за соработка помеѓу Црвен крст на РСМ и УНДП со цел да се продлабочи взаемната соработка помеѓу двете организации.
По повод денот на крводарителството во РСМ, Црвен крст во знак на благодарност им додели соодветни признанија на 20 општински организации на Црвениот крст кои го исполнија планот за крводарување за 2023.