Одбележување на Светски ден на борба против туберкулоза година
Црвен крст на Република Северна Македонија согласно препораките на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, се приклучува кон одбележувањето на 24 март – Светскиот ден на борба против туберкулозата (ТБ) под мотото: “Да! Mожеме да ставиме крај на ТБ„.
Секој ден, над 4000 луѓе го губат животот од ТБ, а близу 30.000 луѓе се разболуваат од оваа превентабилна и излечива болест. Туберкулозата најмногу ги погодува возрасните во најпродуктивните години. Сепак, сите возрасни групи се изложени на ризик.
Со цел да се придружиме кон глобалните напори за ставање на крај на глобалната епидемија на ТБ, општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје по повод одбележување на Светски ден на борба против туберкулоза (24 март), ќе споделуваат постери и објави на социјалните медиуми за важноста од навремена превенција и рана дијагностика на туберкулозата.