септември 15, 2024

Одбележување на Светски ден на прва помош (14.09.2024 година)

Светскиот ден на прва помош се одбележува ширум светот секоја година во втората  сабота на месец септември. Овој ден е воведен од страна на на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во 2000 година и оттогаш се прославува секоја година.

Оваа година Црвениот крст на РСМ, Светскиот ден на прва помош ќе го одбележи на 14.09.2024  година под мотото: Прва помош и спортски активности, Подготви се и укажи прва помош!!!

По повод одбележување на Светскиот ден по прва помош Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје, ќе преземат активности за подигнување на јавната свест за важноста од правилно и  навремено укажување на прва помош.

< врати се назад