Одбележување на Недела на борба против туберкулоза (14-21 септември)
Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 14-21 септември 2021 год. ќе ја одбележи Неделата на борба против туберкулоза. На овој начин сакаме да ја подигнеме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ.
И покрај значителниот напредок во текот на последните децении, секојдневно над 4000 луѓе го губат животот од ТБ, а близу 30 000 луѓе се разболуваат од оваа болест која може да се превенира и излекува. Појавата на туберкулоза отпорна на лекови претставува голема опасност по здравјето и ризик за придобивките стекнати во напорите да се стави крај на ТБ.
Кога некое лице развива активна болест на ТБ, симптомите како ( треска, кашлица, ноќно потење или губење на тежина) можат да бидат лесно непрепознатливи и во тек на неколку месеци.
Луѓето со активна ТБ можат да заразат 5-15 луѓе преку близок контакт во текот на една година. Без соодветен третман, 45% од ХИВ негативните лица со ТБ во просек и скоро сите лица со ХИВ позитивни наод ќе резултираат со смртен исход.
Овогодинешното мото за одбележување на Недела на борба против туберкулоза на Црвен крст на Република Северна Македонија е: Време е за свет без туберкулоза!