октомври 14, 2024

Одржан World Changers Balkan Summit

Во периодот 12-13 Октомври 2024 година во просториите на Македонска Филхармонија и организација на Институтот за напредни студии и соработка од Ватикан, се одржа World Changers Balkan summit.

Со поддршка на Владата на РСМ, Министерството за здравство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Црвениот крст на РСМ и Лондонскиот интеркултурен центар, самитот претставуваше можност за собир на визионери, иноватори, лидери и експерти од Балканскиот регион и светот каде се дискутираше за етиката и иновациите во областите на вештачката интелигенција, регенеративната медицина, одржлива агрикултура и етички технологии, а со цел развивање на позитивни промени и градење на подобра иднина за сите.

Од Црвениот крст на РСМ на настанот учествуваше Генералниот секретар д-р Саит Сити кој во рамки на панел дискусија посветена на Црвениот крст и роботика во Првата помош зборуваше за иновациите во Црвениот крст, а беше промовиран и модел на робот за пребарување и спасување во случај на катастрофи.

На самиот настан, Црвениот крст на РСМ во знак на благодарност за промоција и поддршка на активностите на Црвениот крст доделени признанија на Црвен крст на РСМ ,,Златен знак,, на: Alessandro Pumpo, Artur Koziol,Christina Rham, Ignazio Dogliani, Caitlin Sarian, Ardita Sinani, Stephanie De Sarachaga, Hadi Brenjekjy и Dr. Eng. Abdullah Bin Ali Al-Saihati.

< врати се назад