Одржана 34-та Меѓународна конференција
28-31 Октомври 2024 во Женева се одржа 34-та Меѓународна конференција на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, каде земаа учество 177 од вкупно 191 национално друштво на Црвен крст и Црвена полумесечина, претставници на МФЦК и МКЦК, претставници од Државите потписнички на Женевските конвенции, како и претставници на голем број меѓународни организации, донатори и поддржувачи, или вкупно 2200 лица. Низ повеќе пленарни и сесии во помали групи се усвојуваа резолуции за градење на светска култура на почитување на МХП, почитување на Основните принципи во одговорот на хуманитарните потреби и ризици, и овозможување на одржливи локално водени активности. Од Црвениот крст на РСМ на конференцијата учествуваа Претседателот Проф. д-р Ромел Велев, и Владимир Вукелиќ од стручната служба на централната канцеларија, додека во име на државата присуствуваа Амбасадорката на Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Обединетите нации во Женева г-ѓа Теута Агаи-Демјаха и Александар Трајковски – секретар.