Одржана работилница за зајакнување на помошната улога на националното друштво
Со поддршка на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвената полумесечина, во периодот 13-15.09.2024 година во х. Солферино се одржа работилница со претставници од Раководниот одбор, Комисијата за статут и нормативни акти, изборната комисија на ЦКРСМ, и претставници од стручната служба на ЦКРСМ на која се анализираа постојните практики на уредување на улогата и одговорностите на националното друштво дефинирани во Законите во Република Северна Македонија. Се дискутираа можни стратегии и пристапи на националното друштво за идни активности вклучувајќи го и организирањето на посебна конференција со министри и претставници од парламентот на РСМ на тема Зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите. За оваа сесија гостин на работилницата беше и проф. Никола Дујовски.