Офицер за заштита на лични податоци

Доколку сметате дека ви е повредено правото на заштита на личните податоци, можете да поднесете Барање за утврдување на прекршување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци до офицерот за заштита на лични податоци при Црвен крст на РСМ. За таа цел потребно е во Барањето да ги наведете вашите лични податоци и податоците за лицето кое сметате дека го повредил вашето право на заштита на лични податоци. Не може да се поднесува барање против непознат контролор. АЗЛП ќе одлучи со решение по вашето Барање.

Чекори за пополнување на Барањето:

  1. Во образецот најпрво наведете ги личните податоци за Вас и податоците за контролорот (називот, односно името и презимето на лицето кое што ви ги злоупотребило личните податоци или имате сознанија дека постапило спротивно на Законот за заштита на личните податоци.
  2. Потоа, накратко опишете во што се состои повредата и наведете што досега имате направено, дали сте контактирале со офицерот за заштита на лични податоци кај контролорот и дали сте добиле одговор од контролорот за конкретниот случај.
  3. Во прилог доставете копии од преписките помеѓу вас и контролорот, како и други докази доколку имате.

Барањето може да се достави во хартиена форма во пријавницата на Црвен крст на РСМ електронски на  admin.asistent@redcross.org.mk, односно преку електронската форма во продолжение .

Барањето задолжително треба да биде потпишано лично од ваша страна. Доколку ја користите електронската форма во продолжение, следете ги инструкциите кои ќе ги добиете на електронската пошта која ќе ја наведете.

Офицерот за заштита на лични податоци на Црвен крст на РСМ може да Ве контактира заради понатамошно постапување по истото.

 

    Податоци за правното/физичкото лице кое сметате дека ги повредило Вашите лични податоци

     

    Офицер за заштита на лични податоци во Црвениот крст на РСМ

    м-р Љубица Милосављевиќ

    Е-маил:         admin.asistent@redcross.org.mk

    Тел:                +38902 311 4355 лок 129

    Црвен крст на Република Северна Македонија
    бул. Кочо Рацин 13  Скопје, Република Северна Македонија

    < врати се назад