јануари 18, 2021

Почеток на нов циклус обуки за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Црвениот Крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на град Скопје во рамки на акредитираната програма „Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост“ на 12.01.2021 започна со нов циклус на обуки  за 15 кандидати. За реализација на обуките  претходеше информативна сесија за почитување на сите протоколи за контрола и спречување на ширење на Ковид 19.

Обуките се спроведуваат од страна на честворица едукатори од различни профили и тоа:  дефектолог, социјален работник, доктор и медицинска сестра. Во рамките на оваа обука кандидатите ќе се стекнат со нови знаења и техники од областа на негата во домашни услови, психосоцијалната поддршка, како и теоретски и практични знаења за соодветните целни групи за кои и се обучуваат негувателите.

Обуката се реализира во рамки на проектот за ублажување и надминување на економските и психолошки последици предизвикани од КОВИД-19 пандемијата , поддржан од Business and Strategies in Europe – B&S Europe. Со завршување на обуката, кандидатите ќе се стекнат со државен сертификат за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

< врати се назад