јули 24, 2024

Поддршка на загрозеното население и пожарникарите

Силен пожар попладнево изби во плевна на куќа во општина Ново Село кој потоа брзо се проширил на соседните три куќи. Огнот се шири многу бргу а во близина има бензинска пумпа.Горат куќи од левата страна на главниот пат низ Ново Село од насока на Струмица.

Волонтерите на Црвениот крст веднаш пристигна во поддршка на загрозеното население и пожарникарите. Семејствата во моментов се сместени кај роднини.

< врати се назад