Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби
Црвениот крст на Република Македонија во рамките на проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“ на 17 декември 2015 година организираше работилница за евалуација на проектните активности кои се имплементираат преку општинските организации на Црвениот крст Прилеп, Велес, Кавадарци, Делчево, Кичево, Дебар, Гостивар и Црвениот крст на град Скопје.
Целта на работилницата беше да се утврдат постигнатите резултати, ефектите од имплементираните активности, како и да се дадат насоки за идно дејствување на локално ниво. Претседателот на Комисијата за социјално – хуманитарна дејност на Црвениот крст на РМ г-дин Димитар Каракулев искажа задоволство од досегашните имплементирани активности и голема благодарност до Комерцијална банка АД Скопје, за нивната поддршка која компанија петта година во континуитет овозможува овој проект да се реализира.
Учесници на работилницата беа претставници на Црвениот крст, како и претставници од дневните центри за деца со посебни потреби и центарите за социјална работа од општините каде се реализираат проектните активности.
На работилницата присуствуваше д-р Јасмина Буцевска, директор на дирекцијата за маркетинг на Комерцијална банка, која имаше мошност да проследи дел од проектните активности кои се имплементираа во текот на годината со поддршка на банката.
На работилницата беа дадени предлози за унапредување на проектните активности, за чие спроведување се очекува поддршка од страна на Комерцијална банка АД Скопје и за следната година. Со поддршката на овој проект Комерцијална банка како општествено одговорна компанија, го потврдува континуитетот во напорите за развој и благосостојба на луѓето во заедницата.