Посета на Црвениот крст на Република Македонија од претставници на МФЦК/ЦП и Италијански Црвен крст
Во периодот 7-8 Ноември Црвениот крст на Република Македонија беше посетен од страна на Seija Tyrninoksa – Раководител на тимот за поддршка на земјите од Централна и Југо-источна Европа, и Flavio Ciriaci – делегат на Италијанскиот Црвен крст за соработка со земјите од Балканот. За време на посетата гостите имаа прием од Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија д-р Саит Саити и одржаа средби со стручните соработници на Црвениот крст на РМ за запознавање со тековните активности и истражување на можностите за идна соработка. Во текот на нивниот престој во Скопје организирана беше и посета на Црвениот крст на град Скопје каде се презентирани дел од оперативните програмски активности и организирани се посета на пунктот за бездомници, центарот за стари лица, центарот за крводарување и привремениот транзитен центар за мигранти во Табановце.