мај 12, 2017

Посета на делегација на Црвен крст Нови Сад во Црвен крст на РМ

На 12 мај 2017 делегација на градската организација на Црвениот крст на Нови Сад предводена од претседателот д-р Братољуб Брклача, секретарот м-р Драган Лазиќ и член на Извршниот одбор г-дин Демо Бериша оствари работна посета на Црвениот крст на Република Македонија. Делегацијата ја посети централната канцеларија на Црвениот крст на РМ каде беше примена од генералниот секретар на Црвен крст на РМ д-р Саит Саити. Во разговорите беа разменети искуства со цел да се продлабочи партнерската соработка и да се разменат добри практики и да се споделат искуства во однос на различните предизвици со кои се соочуваат двете национални друштва.

 

< врати се назад