Посета на делегација од Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија во Црвен крст на Република Македонија
Денес, на 31 Октомври 2017 година, во посета на Црвен крст на Република Македонија беше делегација од Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија во состав: г-дин Mao Qingwen, советник на Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија и г-дин ZHU Zhibin, втор секретар на Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија, каде беа пречекани од Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, г-дин Саит Саити.
За време на посетата, беа разгледани можностите за билатерална соработка помеѓу Црвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на Народна Република Кина како и беше отворена дискусија за предизвиците со кои се соочува Црвениот крст на Република Македонија во меѓународни и светски рамки и редовните активности на Црвениот крст на Република Македонија со осврт на работата со мигрантите.