септември 30, 2024

Посета на делегација од Албански Црвен крст

Во периодот 27-29.09.2024 година делегација од 10 члена од Албанскиот Црвен крст предводена од Генералниот секретар Artur Katuci, го посети Црвениот крст на Република Северна Македонија каде учествуваше на заеднички состанок одржан во х. Солферино. На состанокот учествуваа и претставници од Централната канцеларија на Црвен крст на РСМ предводени од Генералниот секретар д-р Саит Саити, како и претставници од раководните и управните структури на Општинските организации на Црвен Битола, Гостивар, Куманово и Чаир.

На 27.09.2024 година се одржа формален чин на потпишување на четиригодишен договор за соработка помеѓу Општинската организација Гостивар и организацијата на Црвен крст од Елбасан.

Во текот на 28 и 29 септември збратимените организации од двете национални друштва разменуваа искуства и подготвија планови за билатерална соработка за 2025 година, и тоа организациите Битола со Валона, Гостивар со Елбасан, Куманово со Драч и Чаир со Корча.

Збратимените организации идентификуваа активности кои ќе бидат ставени во унифициран годишен план за акција со елементите опис на активност, временска рамка, очекувани резултати и потребни ресурси. Планот во текот на месец октомври ќе биде додаден како анекс кон потпишаните билатерални договори а централните канцеларии ќе бидат одговорни за следење на нивната имплементација.

Во текот на октомври/ноември наредната година, збратимените организации ќе остварат онлајн или средби со физичко присуство на кои ќе утврдат планови за акција за годината што ќе следи. За резултатите од меѓународната соработка организациите ќе подготват еден периодичен извештај по две години и еден финален на истекот на договорот за соработка.

< врати се назад