септември 24, 2021

Посета на Harald Fugger – Аташе во Австриското министерство за труд и социјална политика во Црвен крст на РСМ

Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ г-дин Саит Саити на 24.09.2021 година оствари средба со г-дин Harald Fugger – Аташе во Австриското министерство за труд и социјална политика.

Целта на средбата беше да се истакне досегашната позитивна соработка и поддршка која Австриското министертво го обезбедува преку Црвениот крст на Австрија за развој на социјални услуги наменети за различни целни групи на ранливо населние. Особено беше истакната поддршката која е обезбедена за имплементација на проектот „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе“, за поддршка на национлното друштво за развој на капацитетите за квалитетна испорака на услуги за помош и нега на старите лица во домашни услови.

 

< врати се назад