Посета на претставници на Воена академија и учесници на Проект поддржан од Еразмус+
Црвениот крст на РСМ денес беше посетен од страна на претставници на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ и учесници на Проект поддржан од Еразмус+ од Турција, Франција и Шпанија насочен кон современи практики и активности за социјална интеграција на мигрантите. Учесниците беа информирани за активностите кои Црвениот крст ги презема за хуманитарна асистенција на мигрантите и бегалците со посебен фокус на хуманитарна помош, основни здравствени услуги, укажување на прва помош, транспорт до здравствена установа, воспоставување на семејни врски и психолошка прва помош.
На средбата беше доделена благодарница на Црвениот крст за досегашна соработка и поддршка на Воената академија.