Посета на Регионалната канцеларија на МКЦК во Белград
На 10.07.2024 година беше посетена регионалниата канцеларија на Меѓународниот комитет на Црвен крст каде се оствари средба со Раководителото на делегацијата на МКЦК г-ѓа Јелена Стијачиќ и одговорните лица за програмите за меѓународно хуманитарно право г-дин Слободан Цитаковиќ и за воспоставување на семејни врски – г-дин Иван Антониќ. За време на посетата дискутирани беа тековните активности кои се дел од договорот за партнерска соработка на Црвениот крст на РСМ и Меѓународниот комитет на Црвен крст како и можностите за проширување на активностите и поддршката за имплементација во 2025 година. Посебна тема која беше дискутирана за време на средбата беа подготовките за претстојните статутарни состаноци на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина кои треба да се одржат во месец октомври 2024 година во Женева.