Посета во ООЦК Битола по повод одбележување на 17 Март
На 12.03.2022 година Претседателот на Црвен крст на Република Северна Македонија проф.д-р Ромел Велев и Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити ја посетија Општинската организација на Црвен крст Битола по повод одбележување на 17 Март – Ден на основањето на Црвен крст на РСМ и Ден на крводарителството во РСМ.
По повод одбележувањето се одржа манифестација во НУ Народен театар – Битола со присуство на градоначалниците на Општина Битола г-дин Тони Коњановски, Општина Могила г-дин Драганчо Саботковски, Општина Новаци г-дин Стевче Стевановски и други поканети гости. Присутните ги поздрави и Генералниот секретар д-р Саит Саити.
На самата манифестација беше изведена Театарска претстава “Одам на лов” во изведба на волонтерите од Клубот на млади на Општинската организација на Црвен крст Битола. На крај беа доделени признанија на крводарителите од Битола кои дарувале крв 50, 75, над 130 пати и на еден крводарител кој дарувал крв 141 пат.