ноември 29, 2024
Потпишан договор за соработка со Норвешкиот Црвен крст
На 28ми ноември 2024та во Осло Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити и Генералниот секретар на Норвешкиот Црвен крст Ана Берг потпишаа договор за соработка помеѓу двете национални друштва за следните 4 години. Договорот овозможува локална соработка помеѓу ограноци од двете национални друштва. Во 2025 годинаќе се имплементираат заеднички активности на ООЦК Охрид и Moor og Romsdale и ЦК на град Скопје и Црвениот крст на Осло, а се разговараше и за проширување на и со можни две нови средини за 2026та година.