јули 12, 2024

Потпишан Меморандум за разбирање со Црвен крст на Србија

На 10.07.2024 година Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити и стручниот соработник за меѓународна соработка Владимир Вукелиќ, го посетија Црвениот крст на Србија со цел продлабочување на соработката  помеѓу двете национални друштва. За време на средбата беше потпишан меморандум за разбирање од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст на Србија г-дин Љубомир Миладиновиќ и Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити, со што формално се отвори простор за искажаниот интерес на повеќе локални организации од двете национални друштва за билатерални иницијативи. За време на посетата се остварија дискусии со стручните соработници за организациски развој – г-дин Александар Пантелиќ и меѓународна соработка – г-ѓа Саша Аврам, при што се договорија активности за размена на добри практики и поддршка на развојот на националните друштва. Посетени беа и националниот центар за обука по прва помош, оперативниот центар за координација на активности во случај на катастрофи и меморијалната спомен соба на Црвениот крст на Србија.

< врати се назад