октомври 14, 2024
Потпишан Меморандум за соработка со Институт за напредни студии и соработка
Претседателот на Институтот за напредни студии и соработка со седиште во Ватикан, г-дин Габриеле Андреоли на 14.10.2024 година го посети Црвениот крст на РСМ и оствари средба со Генералниот секретар на ЦКРСМ д-р Саит Саити.
За време на средбата се потпиша меморандум за соработка помеѓу двете организации и се остварија разговори за заемна соработка. Од двете организации се искажаа заложби и посветеност кон иницирање на иновативни технолошки решенија кои дополнително ќе придонесат во спроведувањето на хуманитарните цели и размена на искуства за зајакнување на капацитетите и меѓусебна промоција.