март 24, 2017

Повик за пријавување на учеснички за обука за негувателки на стари лица

Во рамки на проект „Креирање на можности за нови вработувања на жената“, имплементиран од страна на Црвениот крст на Република Македонија во партнерство  со Здружението Хуманост, Скопје и Австрискиот Црвен крст и финансиран од Европска Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4), е објавен

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕСНИЧКИ

за учество во 4-месечна обука за негувателки за грижа и нега на стари и немоќни лица и 2-месечно практично искуство во домашни услови (пилот услуги)

Целта на проектот е да се зголеми интеграцијата на долгорочно невработените жени над 40 годишна возраст на пазарот на трудот и ќе се придонесе да се развие и верификува програма за обука за негуватели за стари и немоќни лица, како и да се развијат знаења и вештини на долгорочно невработени жени за обезбедување на  мобилни социјални услуги за стари лица.

Се повикуваат сите заинтересираните лица на територијата на градот Скопје и нејзините општини, да се пријават, кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • жени над 40-годишна возраст,
  • долгорочно невработени жени (над 1 година),
  • најмалку основно образование

Во рамките на проектните активности е предвидено да бидат вклучени 40 жени. Избраните жени е предвидено да посетуваат теоретска обука на жени за негувателки стари и немоќни лица, во траење од 4 месеци во периодот јуни – септември 2017 година, и практично искуство во домашни услови (пилот услуги) од 2 месеци, во периодот октомври – ноември 2017 година.

По завршување на обуката, учесничките на обуките ќе се стекнат со верификуван сертификат за негувателки за стари и немоќни лица кој ќе им помогне при понатамошно нивно вработување.

Трошоците за превоз и храна во текот на теоретската обука и практично искуство во домашни услови (пилот услуги), ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Сите заинтересирани долгорочно невработени жени за учество во обуката, можат да го пополнат прашалникот за учество во прилог кон овој повик и да го достават, најдоцна до 03.04.2017 година, со назнака „Пријава за обука на негувателки“ на следната е-маил адреса: skopje.mladi@redcross.org.mk.

Црвениот крст на Република Македонија – Црвен крст на град Скопје ќе спроведе транспарентен процес на селекција и избраните кандидатки на куса листа ќе бидат повикани за интервју.

За сите дополнителни информации можете да се обратите на следниот телефон за контакт:

 02 3 139 578 – Црвен крст на град Скопје.

 

Превземете ја апликацијата овде

< врати се назад