ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА НАШИОТ ТИМ!
Доколку сте професионална, доверлива, добро организирана и мотивирана личност и сакате да работите во динамична атмосфера со можност за напредок во кариерата, Ве поттикнуваме да се приклучите на организацијата која нуди широки можности.
Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.
Централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија објавува оглас за работното место:
Асистент на Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија
Адреса: Црвен крст на Република Северна Македонија
бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје
Потребни квалификации:
- Образование: Завршено високо образование од областа на општествените науки (правни, политички студии, социјални студии, јавна администрација, бизнис администрација)
- Работно искуство: Минимум 2 години на слична позиција во областа на административно-канцелариското работење (офис менаџмент)
- Јазик: Течно говорење и пишување на англиски јазик
- Дигитални вештини: Познавање на работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint), интернет, мејл апликации, комуникациски платформи: Microsoft Teams, Zoom.
Лични карактеристики:
- Висок личен интегритет и деловна култура
- Одлични комуникациски, организациски и аналитички способности
- Способност за работа под притисок и запазување куси временски рокови
- Способност за работа во тим
- Иновативност и креативност
- Мотивираност и лојалност кон организацијата и нејзините цели
- Подготвеност за учење и професионален развој
- Чувство за мултикултурализам, недискриминација и толеранција
Работни должности:
- Подготвување на дневна работна агенда за потребите на Генералниот секретар и за потреби на Претседателот;
- Водење грижа за комуникации со странки кај Генералниот Секретар и Претседателот;
- Управување со телефонските повици насочени кон централната канцеларија или Генералниот секретар;
- Примање и пренесување на телефонски и е-маил пораки;
- Закажување состаноци и средби по задолжение на Генералниот Секретар;
- Присуствување на состаноци и средби по задолжение на Генералниот Секретар и составување белешки од истите;
- Комуницирање и соработка со владини и невладини организации, локална самоуправа и јавни институции во земјата и странство;
- Улога на преведувач за потребите на Генералниот Секретар на состаноците и средбите со претставници од меѓународните организации и институции;
- Подготовување на информации, извештаи и службени белешки од одржани состаноци и средби на Генералниот секретар во и надвор од канцеларијата на Генералниот Секретар;
- Редовно и навремено испраќање информации за планирани настани на кои учествува Генералниот секретар до одговорното лице за Односи со јавност;
- Советување и информирање на Генералниот секретар за конкретни активности;
- Ракување со службениот печат и штембил на канцеларијата на Генералниот Секретар;
- Организирање на службените патувања на Генералниот Секретар;
- Подготвување на писма и дописи од својата област на работа;
- Придружување на Генералниот секретар на службени патувања во и надвор од земјата;
- Соработка со раководителите и пренесување барања и информации до Генералниот секретар;
- Подгототовка на неделни, месечни и годишни извештаи за реализираните активности;
- Координирање на соработката на Генералниот Секретар со секретарите на ООЦК и Секретарот на ЦКГС;
- Вршење на други работни задачи по задолжение на Генералниот секретар.
Дополнителни информации:
Заинтересираните кандидати можат да испратат биографија на: mrc@redcross.org,mk
Рокот за пријавување е 18.10.2024 година.
Ве очекуваме.
Со добиените податоци ќе се постапува согласно Законот за заштита на лични податоци.