ноември 7, 2024

ПРОФ. ГАБРИЕЛЕ ПАО – ПЕИ АНДРЕОЛИ – ПОЧЕСЕН ЧЛЕН НА ЦРВЕН КРСТ НА РСМ

На 06.11.2024 година во просториите на Црвениот крст на РСМ се одржа пригоден настан за прогласување на Проф. Габриеле Пао – Пеи Андреоли, Претседател на Институтот за напредни студии и соработка од Ватикан за “Почесен член на Црвен крст на РСМ”.  Почесното членство на Проф. Габриеле Пао – Пеи Андреоли во нашата организација му е доделено во знак на благодарност за севкупниот досегашен придонес и ангажман за поддршка, развој и афирмирање на Црвениот крст на РСМ во меѓународни рамки како и можностите за унапредување на понатамошната соработка и промоција на Црвениот крст на РСМ од страна Проф. Габриеле Пао – Пеи Андреоли  на меѓународен план.

Признанието “Почесен член на Црвен крст на РСМ” на Проф. Габриеле Пао – Пеи Андреоли му беше доделено од страна на Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, д-р Саит Саити во централната канцеларија на Црвен крст на РСМ во присуство на членови на Раководниот одбор на националното друштво, претставници на општинските организации на Црвен крст и Централната канцеларија на Црвен крст на РСМ.

 

< врати се назад