Работилница на тема „Јакнење на капацитетите на националното друштво во програми за прва помош“
Во период од 21-26.07.2021 во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга беше спроведена работилница на тема „Јакнење на капацитетите на националното друштво во програмите за прва помош“.
Целта на оваа работилница е подобрување на техники, методологија за подготовка и реализација на курсеви/обуки/тренинзи и соодветна административна подготовка и планирање на истите.
Работилницата беше спроведена од лиценциран тим од Црвениот крст на Република Северна Македонија каде темите се реализира преку презентации, дискусии, работа во групи, вежби и др. Оваа работилница се реализираше согласно дадените насоки за реализација на тренингот за тренери после обуката (ТОТ) во Сутоморе.