РАБОТИЛНИЦА ЗА ЕДУКАЦИЈА НА МОТИВАТОРИ ЗА ДОБРОВОЛНО КРВОДАРИТЕЛСТВО
Работилницата се одржа во периодот од 19-21 мај 2017 година во Струга – хотел,,Солферино,, со учество на 23 учесници : претставници од Цевен крст на Република Македонија – Општински организација : Г.Баба, К.Вода, Чаир, Центар, Карпош, Кочани, Неготино, Велес, Тетово, Гостивар, Струмица, Струга, Куманово, Кавадарци, Охрид и Битола, претставници од Клубот на крводарители на Црвен крст на град Скопје (претседатели на основни организации на Црвен крст при ОКТА Рафинерија, ЈСП Скопје, ПИОМ, Алкалоид), Дневен центар за дарување на крв и претставници од АРМ. На работилницата беа обработени следните теми: Крводарителство во РМ и Стратегија за крводарителство 2017-2020, Тим за координација и работа на Дневен центар за дарување крв, Крв и крвни елементи, Организациони форми на дарување крв – Клуб 25 и Клуб на крводарители, Пренесување на позитивни искуства и примери за доброволно крводарителство од други држави . Психолошки аспекти на крводарителството – со посебен акцент на промовирање на еднаквоста и почитување на различноста (недискриминативно постапување, стереотипи и предрасуди) комуникација, видови комуникација, пречки во комуникација, фактори и чувства за ефективна комуникација, процес на активно слушање и аспекти на тим и тимска работа. Структурата на учесниците на работилницата овозможи споделување на искуства и практични примери од разни средини, во разни организации и институции и градење на нови пријателства кои ќе им бидат поддршка во натамошната работа како мотиватори. На крајот на работилницата преку квиз прашања се направи проверка на знаењата на учесниците за содржините од програмата за обука. На работилницата учесниците имаа можност да добијат информации и да разменат искуства со претставници на Црвениот крст на Баварија – Германија. На крајот на работилницата низ процесот на евалуација сите учесници споделија свои мислења, впечатоци и сугестии за работилницата и воопшто за унапредување на крводарителството.