Работилница за научени лекции од справување со КОВИД-19 пандемијата
Во периодот од 14 до 16 октомври 2022 година Црвениот крст на РСМ во Центарот за едукација Солферино во Струга спроведе работилница на темата ‘‘Научени лекции од справување со КОВИД-19 пандемијата,,.
Работилницата е во рамките на проектот ‘‘Поддршка на процесот на КОВИД-19 вакцинација во Северна Македонија,, поддржан од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Регионална канцеларија за Европа.
На работилницата учествуваа вработени од 20 Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје кои беа вклучени во активностите кои Црвениот крст на РСМ ги презема за поддршка на ранливо население за време на КОВИД-19 пандемијата.
Преку оваа работилница учесниците ги зајакнаа своите знаења и вештини за подготвеност и делување во кризни состојби и дадоа свој придонес во дефинирање на научени лекции од справување со КОВИД-19 пандемијата.