Работилница за подготовка на план за активности за спроведување на процес за дистрибуција на финансиски средства преку кеш трансфер
Црвениот крст на Република Северна Македонија, во рамки на регионалниот проект „Зајакнување на отпорноста на стари лица и лица со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“, финансиран од Европска Унија, во период од 30 до 31 Август 2021 година во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга одржа работилница со цел да се подготви план за акција на националното друштво за користење на алатката за финансиска поддршка на ранливото население преку готовински трансфер, како и подготовка на План за активности за спроведување на процес за дистрибуција на финансиски средства преку кеш трансфер.
На работилницата беше подготвен план на активности за имплементација на процесот за дистрибуција на финансиска помош за 1000 корисници – стари лица и лица со попреченот. Планот за активности содржи конкретни елементи за спроведување на проценка на потреби, утврдување на критериуми, селекција на корисници, дистрибуција, мониторинг и евалуација.
На работилницата учествува претставници на Црвениот крст на РСМ, Црвен крст на град Скопје и Општинските организации на Црвен крст Битола и Охрид.