Работилница за заштита на интегритетот на Црвениот крст на РСМ
Во периодот 3-5.07.2023 година, во хотел Солферино Струга, се одржа работилница за заштита на интегритетот на Црвениот крст на Република Северна Македонија со посебен фокус на превенција од сексуална експлоатација и злоупотреба и заштита на деца. На работилницата учествуваа претставници од вработените од Централната канцеларија на Црвен крст на РСМ, Црвен крст на град Скопје, 3 претседатели на ООЦК и 5 секретари на ООЦК, а самата работилница беше водена од страна на May Rose Malone и Alexandra Denis претставници на Меѓународната федерација на друштвата на ЦК и ЦП, како и Huda Abu Hassan претставник на Британскиот Црвен крст.
За време на работилницата се дискутираа постојните нормативи на националното друштво поврзани со заштита на интегритетот, предизвици во нивната примена, споделувани беа примери и позитивни практики во други национални друштва, направена беше вежба за самопроцена на националното друштво со идентификување на полиња за подобрување и подготвен беше план со следни активности.
Работилницата се спроведе во рамките на проектот „Надградба на капацитети на Црвениот крст на РСМ за заштита на интегритетот“ поддржан од Фондот за јакнење на капацитети на МФЦК.