мај 26, 2023
Работилници- Арт Експресивна терапија
Во рамки на активностите на Центарот за Ментално здравје и Психо-социјална поддршка на Црвениот крст на Република Северна Македонија, формирани се групи за поддршка на помагачи и волонтери.
Експресивната арт терапија е мултимодален и длабински пристап кој се темели на хуманистички, психодинамски и егзистенцијални основи, каде преку употреба на креативниот процес се придонесува раст, исцелување и трансформација . Работилниците се водат од страна на лиценциран психолог и практичар на Арт Ексресивна терапија, каде се користат техники од ексресивната арт терапија, и истите се реализираат еднаш месечно со секоја група.