Работна средба на дисеминатори на Црвен крст на Република Северна Македонија
На 6.11.2024 се одржа работна средба на дисеминатори од 14 општински организации на Црвен крст и двајца претставници на стручната служба од централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија.
Целта на работната средба беше да се дискутираат моменталните состојби и активности на националното друштво во сферата дисеминацијата, промоцијата на хуманите вредности и активностите во 2025 година кои треба да ги преземе Црвениот крст на Република Северна Македонија, наменети за промовирање на движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина пред различни целни групи во државата, особено пред студентската младина, и сите одговорни институции кои имаат општествено одговорна улога во промовирањето и дисеминирањето на хумани вредности.
На работната средба беше дискутирано за нови начини на промоција на хумани вредности согласно започнетата развојна рамка на ЦКРСМ „Трансформација 28“, нови модули на дисеминирање за движењето како и беше направен преглед на постојните материјали за подготовка и помош на дисеминаторите.
Работната средба резултираше со повеќе заклучоци за активности кои треба да се преземат на краткорочна и среднорочна основа.