Соопштение – Помош за справување со последиците од пожарите кои ја зафатија земјата
Почитувани,
Црвениот крст на Република Северна Македонија е активно вклучен во операцијата со справувањето со пожарите во државата. Преку своите мобилни тимови е вклучен во логистичка поддршка на екипите, институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот.
Врз основа на направена проценка од страна на општинските организации на Црвениот крст Свети Николе и Македонски Брод во соработка со локалните самоуправи и институциите на кризниот менаџмент, Црвениот крст на РСМ во текот на денешниот ден ќе достави хуманитарна помош во храна, средства за хигиена, душеци, ќебиња и вода за потребите на настраданото населние зафатено од пожарите, и тоа за 40 семејства од неколку села во Свети Николе и 9 семејства од с. Брезница, Македонски Брод.
Црвениот крст на РСМ будно ја следи состојбата со пожарите и е подготвен во наредниот период итно да интервенира и да ги покрие потребите на настраданото насление.
Црвениот крст упатува голема благодарност за досегашната поддршка на компаниите кои се вклучија во хуманитарната акција за помош за справување со последиците од пожарите.
Со почит,
Црвен крст на Република Северна Македонија