август 29, 2016

Соопштение за помош на настраданото население од поплавите – 18 aвгуст

Црвениот крст на РМ продолжува со поддршката на жителите погодени од природни катастофи. До сега се дистрибуирани 28.250 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 1.948 конзервирана храна, 17.619 лит. млеко, 15.422 лит. јогурт, 4.538 пакети со хигиена, 683 бебешки пакети, 265 тони вода, 746 пакети пелени, 556 душеци, 4.392 кебиња, 600 кг облека, 734 парчиња чизми, 332 лит дезинтал, градежни колички 98, лопати 126, 1036 маски… Укажани се  156 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.

acko

Во четрите прифатни центри Ранка Милановиќ, Сениќ, Партение Зографски и Фон Интернат каде се сместени 310 лица дистрибуираме дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и најранливите.

Граѓаните може да се јавуваат и на телефон на Црвениот крст 02/3139578 за дополнителни информации.

Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици, пешкири, пелени за возрасни, пластични кеси за ѓубре. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток и во ОУ “Наум Наумовски Борче”- Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

До сега се собрани 31.570.576 денари на сметката на Фондот на солидарност

До сега се собрани 13.069.400 денари со повик на телефоните

Акцијата на собирање на средствата е планирана да трае 15 дена од денот на отварање на сметките (07 август 2016 год.), а продолжувањето на истата ќе зависи од заинтересираноста на граѓаните и правните субјекти за донации. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префлени на сметките на граѓаните погодени од полавите согласно проценката на овластени комисии кои дејствуваат на терен.

Донација на средства во странска валута:

Name of the organization: MACEDONIAN RED CROSS
Bank name: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
Bank address: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban Code: MK07300701000001228
Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.

< врати се назад