Справување со топлотен бран и пожари
Црвен крст на Република Северна Македонија и Општинската организација на Црвен крст Кичево во текот на изминатите денови изврши дистрибуција на хуманитарна помош за 9 семејства составена од храна, средства за хигиена и вода, за потребите на настраданото население зафатено од пожарите во с. Брезница, Македонски Брод. Општинската организација на Црвен крст Кичево поради настанатата состојба со пожарите во селата Челопеци и Зајас (Општина Кичево) е во постојан контакт со надлежните служби од Центарот за управување со кризи Кичево, кои беа информирани дека Црвениот крст е подготвен да интервенира и обезбеди поддршка со достапните средства и ресурси доколку за тоа има потреба. Благодарение на брзата интервенција на службите за против пожарна заштита, АРМ и МВР, пожарите беа локализирани и повеќе не се активни.