ноември 18, 2024
Спроведенa освежителнa обуки за предавачи и демонстратори по прва помош
Црвениот крст на Република Северна Македонија на 15.11.2024 година спроведе освежителна обука за предавачи и демонстратори на курсевите по прва помош за возачи и работни организации. На обуката зедоа учество вкупно 11 едукатори од 8 ООЦК (ООЦК Неготино, ООЦК Св. Николе, ООЦК Штип, ООЦК Струга, ООЦК Охрид, ООЦК Крушево, ООЦК Ресен и ООЦК Прилеп) и Црвен крст на град Скопје.
Со овие обуки Црвениот крст на РСМ има за цел да ги освежи знаењата на предавачите и демонстраторите по прва помош и истовремено да ги запознае со сите новини и актуелности од областа на првата помош во периодот од последните три години.