јули 22, 2024
Средба на Генералниот секретар на Црвениот крст Саити со министерката Јаневска
Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити се сретна со Министерката за образование и наука, Проф д-р Весна Јаневска.
На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу Црвениот крст и министерството и хуманоста на општеството кое е тесно поврзана со образовниот систем.
Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на воспоставената соработка, преку проширување на обемот на заедничките проекти, кои ќе дадат голем придонес во правилниот развој на секој поединец уште од најрана возраст.