Средба на Генералниот секретар на Црвениот крст Саити со министерот Лимани
Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити денеска се сретна со Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани
На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу министерството и Црвениот крст и развиените социјални услуги, како што се: помош и нега во домот, лична асистенција, дневен престој за стари лица со активно стареење и други. Истите се достапни за граѓаните на локално ниво, во местото на живеење на корисниците, а за чија реализација министерството има склучени договори за грант.
Генералниот секретар, Саити информираше и за останатите проекти на кои работи Црвениот крст, како услугата „Итно копче“, достапна за повозрасните граѓани, за функционирањето на Пунктот за бездомници „Момин поток“, како и други видови на поддршка на ранливите категории на граѓани.
Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на воспоставената соработка, преку проширување на обемот на заедничките проекти, кои ќе бидат во интерес на граѓаните и нивната благосостојба.