Средба со локални координатори на услугата помош и нега во домот
На 06.03.2024 година во Црвениот крст на РСМ се одржа средба со локални координатори на социјалната услуга помош и нега во домот, од 12 општински организации на Црвениот крст и Црвен крст на град Скопје. Целта беше да се разгледаат актуелни прашања врзани со испорака на услугата, која се обезбедува на вкупно 740 стари лица во домашни услови, од страна на 250 негуватели. Негувателите се оспособени со вештини и компетенции за давање на основни здравствени и социјални услуги во домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и други причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе. Услугата се испорачува бесплатно кон крајните корисници, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика.