јули 9, 2024

Црвен крст на Република Северна Македонија, распишува: ПОВИК за обука за Психолошко советување

Црвен крст на Република Северна Македонија, распишува:

ПОВИК

за обука за Психолошко советување

 

Црвен крст на Република Северна Македонија од воспоставување на Центарот за ментално здравје континуирано работи на надградување на сервисот и услугите преку психо-социјална поддршка на вработени и волонтери, работа со население, едукации, дејстување при кризи и соработка со институции. Во таа насока, ЦКРСМ ќе спроведе обука за дипломирани и лиценцирани психолози за Психолошко советување.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Дипломирани и лиценцирани психолози;
  • Завршна фаза (3та/4та година) на психотераписка едукација
  • Невработени лица
  • Мотивација по обуката да бидат вклучени во сервисот за Психолошко советување на граѓани при Црвен крст на РСМ – Центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка.
  • Државјани на РСМ.

Обуката за психолошко советување ќе трае 3 месеци, во периодот од септември до ноември 2024 година, истата е бесплатна.

Потребни документи за аплицирање:

  • Копија од диплома за завршено високо образование;
  • Копија од лиценца за вршење на психолошка дејност од Комора на Психолози на РСМ;
  • Потврда за завршени часови од Психотераписка едукација;
  • ЦВ и мотивациско писмо.

Заинтересираните кандидати може да се пријават на е-маил: ramadani@redcross.org.mk до 08.08.2024 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите ќе бидат повикани на интервју во периодот 21.08 до 30.08.2024.

< врати се назад