јуни 7, 2024

Учество на Европска работилница за подигање на свеста за измама и одговор при корупција

Во периодот од 03 до 05 јуни 2024 година, во Будимпешта, Унгарија, претставник од Црвениот крст на Република Северна Македонија учествуваше на работилница во организација на Швајцарски Црвен крст и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, посветена на подигање на свеста за измама и одговор при корупција во работењето, на која беа презентирани практични примери за дијагностицирање на ранливоста од корупција и измама, градење црвени линии кога станува збор за вакви активности и градење план за справување со ризикот преку примена на меки и тврди контролни мерки, идентификација на знаците за измама и протокол за пријава на сомнителен случај преку линија за интегритет.

Се истакна важноста од градење висока организациска култура на почитување на воспоставените политики во секое национално друштво со цел да се откријат и спречат и да се одговори на ризиците од измама и корупција. каде, се даде акцент на управување со ризикот од измама и корупција при постапките за јавни набавки, ризиците кои со себе ги носи сајбер криминалот со примери за нивно ублажување, управување со ризикот во случај со трансфер на готовина, како и важноста од заштита и спречување на сексуална експлоатација, злоупотреба и вознемирување. “

 

< врати се назад