Учество на Глобалниот состанок за планирање, мониторинг, евалуација и известување
Во периодот од 3-ти до 7-ми јуни 2024 година во Женева, Швајцарија, претставник од Црвениот крст на Република Северна Македонија учествуваше на Глобалниот состанок за планирање, мониторинг, евалуација и известување во организација на Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (МФЦК/ЦП). Овогодинешниот Глобален ПМЕИ состанок, кој се одржуваше во просториите на МФЦК, имаше за цел да иницира соработка, да поттикне размена на иновативни сознанија и да промовира споделување на најдобрите практики во управувањето со проекти во различни контексти. Состанокот понуди уникатна можност за професионалците во сферата на ПМЕИ да споделат искуства и колективно да ги подобрат методологиите во планирањето, следењето, евалуацијата и известувањето, а со тоа да ги унапредат и хуманитарните напори на глобално ниво.
Беа споделени примери од регионите и Националните друштва во врска со нови трендови во хуманитарниот сектор, алатки и методологии за ПМЕИ, квалитативен мониторинг и евалуација и ресурси за унифицирано планирање, се работеше во групи, се споделуваа примери од употреба на вештачка интелигенција во ПМЕИ, итн.