октомври 21, 2024

Учество на годишен форум за ментално здравје

Во период од 14-ти до 17-ти октомври 2024, двајца психолози од Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвениот крст на Северна Република Северна Македонија заедно со над 40 национални друштва и 78 учесници од Европа и Централна Азија и МКЦК, присуствуваа на форумот за 20-годишнината на Европската мрежа за ментално здравје и психо-социјална поддршка во Петрчане, Република Хрватска.

Домаќин на овој настан беше Црвениот крст на Хрватска, каде фокусот беше на итните потреби за ментално здравје и психо-социјална поддршка, особено за најранливите групи како мигрантите.

Во текот на целата недела, имаше различни дискусии, презентации и интерактивни работилници за менталното здравје и психо-социјалните потреби на најранливите, нагласувајќи ја важноста од постојан систем за грижа за персоналот и волонтерите на црвениот крст.

Форумот ја истакна потребата од промовирање на културата на грижа за оние кои се грижат за другите.

Црвениот крст на РСМ на овој форум дистрибуирање материјали за ментално здравје и добросостојба.

< врати се назад