Учество на претставник на Црвениот крст на РСМ на обука за климатски промени
Во периодот од 5-7 ноември 2024 година во Будимпешта, Унгарија регионалната канцеларија за Европа на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, организираше обука за климатски промени.
На обуката учествуваа претставници од Црвениот крст на Република Северна Македонија, Црвен крст на Германија, Црвен крст на Бугарија, Црвен крст на Естонија, Турска Полумесечина, Црвен крст на Хрватска, Црвен крст на Албанија, Црвен крст на Унгарија и Црвен крст на Киргистан, како и претставници на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Главната цел на обуката беше да се зајакнат капацитетите на Националните друштва во Европа за навремен одговор и справување со климатските промени во заедничка соработка со властите и заедницата. На обуката учесниците имаа можност да се запознаат со техники и алатки за детектирање на потребите и капацитетите на заедниците како и нивна вклученост за одговор во случај на катастрофи предизвикани од климатски промени.