јули 25, 2024

“За безбедно лето” – “Вози одморен”

На ден 25.07.2024 година, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка  со Црвен крст на Република Северна Македонија и МВР на Граничниот премин Табановце учествуваа во Кампањата “За безбедно лето” под мотото “Вози одморен”.

На учесниците во сообраќајот од страна на нашите волонтери им беа поделени води, превентивно едукативен материјал за правила и прописи кои треба да ги почитуваат и им беше предочено на пат секогаш да тргнуваат одморени, да прават чести паузи и во овој топол период да конзумираат многу вода и безалкохолни пијалоци.

< врати се назад